Блескаат на сцена, но блеснаа и како невести - Познати Македонки кои беа невести во 2017-та

Некои познати дами од земјава со нетрпение очекувавме да ги видиме во најдоброто светло - во улога на невести. А три од нив кои во 2017-та година облекоа венчаница беа овие убавици:

1. Милена Антовска 
Прекрасната ТВ водителка Милена Антовска се омажи со нејзиниот избраник Гордан во месец мај. Неколку дена пред свадбената забава во ресторан, Милена и Гордан се заколнаа на вечна љубов и пред Бога, во прекрасниот манастир Св. Јован Бигорски. Па така Милена имаше прилика во двата дена да носи две различни венчаници, и во двете изгледа совршено:

milenaigordan

milenaigordan2

2. Сара Мејс

Пејачката Сара Мејс уште во 2016-та му кажа „Да“ на водителот Димитар Атанасовски а месец септември беше одбран за нивната свадбена забава. Познавајќи го стилот на Сара и нејзината ексцентричност - таков беше и нејзиниот невестински стајлинг - впечатлив, уникатен и својствен само за неа, и пејачката изгледа прекрасно:

saraidimitar

3. Каролина Гочева
2017-та беше најсреќна година и за Каролина Гочева. Иако датумот и локацијата за нејзината свадба се чуваа во најстрога тајност, несомнено е дека Каролина и Михаил направиле забава каква што посакувале - со многу гости и одлична музика. А она за што се зборуваше долго после свадбата е уникатната дизајнерска венчаница која Каролина ја купила на некое од патувањата во Италија. 

karolinaimihail

karolina2

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?