Љубовна астрологија: 5 комбинации хороскопски знаци кои заедно победуваат се’

Авантура или логика, срамежливост или самоувереност, независност или блискост? Кој е Неговата кралица и кој Нејзиниот крал во хороскопот?

Ова се едни од паровите на кои можете да им завидувате на среќата, љубовта, взаемната почит и поддршка. Секогаш се заедно и способни се да го победат и непобедливото.

couple-kissing-6

Бик и Рак

Двајцата се посветени, нежни и внимателни и кога ќе се најдат во емотивна врска овие карактеристики се дуплираат. Без оглед на тоа колку долго се заедно, секогаш се вљубени еден во друг како првиот ден, така што не е необично за нив пред другите да се однесуваат како тинејџери. Ова е еден од оние парови на кои можете да бидете љубоморни, зашто сакате баш таква врска како нивната.

Близнаци и Овен

Двајцата се независни, весели и големи ентузијасти. Овенот секогаш може да го пренесе својот авантуристички дух на Близнакот, така што секогаш се подготвени за акција. Тие се разбираат меѓусебно и без зборови, затоа што доволно е само а се погледнат за да знаат што мисли другиот. Никогаш не им недостига возбуда и тие уживаат да истражуваат и да пробуваат нови работи заедно.

Лав и Лав

Кој би му одговарал подобро на Лавот од една Лавица која е амбициозна и самоуверена како и тој? Во неговата природа е да ги охрабрува другите, така што еден со друг си се најголема поддршка. Кога едниот ќе падне, другиот го охрабрува дека е во состојба да постигне се што сака. Тој е нејзин крал а таа нејзина кралица. Тие се свесни колку се среќни што се заедно, така што немаат намера да го загрозуваат својот однос.

Девица и Девица

Никој нема да ја разбере нивната логика и аналитика подобро од друга Девица.Тие уживаат во правењето долгорочни планови и распореди заедно. Иако во јавноста делуваат малку крути бидејќи не сакаат да ги покажуваат емоциите премногу, овој пар е свесен што е во нивните с рца и колку си значат еден со друг.

Шкорпија и Стрелец

Она што им е заедничко и прва работа на листата на нивни приоритети е независноста. Додека Шкорпијата постава закони, Стрелецот е многу вознемирен. Кога Шкорпијата сака, таа тоа го покажува со целото свое битие, додека Стрелецот и воздржан. Но кога се заедно, ја чуваат својата љубов љубоморно од другите. Тие дефинитивно не се пар кој минува заедно 24 часа, оставајќи си доволно простор меѓусебно.

Водолија и Риби

Иако е Водолијата целосно независна а Рибата апсолутно зависна од партнерот, она што ги поврзува е креативноста. Рибите може да изгледаат воздржано на прв поглед, но сакаат да зборуваат за тоа што тој или таа го смета за интересно, додека Водолијата сака да биде таа што ги почнува разговорите. Иако Рибите никогаш не би признале, тие тајно ја обожаваат спонтаноста на Водолијата.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?