Bride.MK препорака: Кого да одберете за вашите свадбени фотографии и видео?

Сите невести сакаат да имаат совршени свадбени фотографии, кои ќе останат еден прекрасен спомен од најубавиот ден. Но, колку што има невести, толку има и различни вкусови и различни желби кога се во прашање свадбените фотографии. За среќа, во Македонија има повеќе креативни и квалитетни фото-студија кои може да ги исполнат вашите очекувања.


Овој пат направивме една листа во која наведовме какви би можеле да бидат свадбените фотографии, зависно од желбата на невестата, и кои фотографски студија се најдобри во одредена категорија. Па така, доколку сакате филмски, романтични или спонтани фотографии, прочитајте која е нашата препорака. И секако, повеќето сигурно ќе ви направат фоторафии какви што посакувате, но секој од нив има по што се издвојува од останатите. Еве што е тоа, според Бриде.Мк

1. ФИЛМСКИ ФОТОГРАФИИ

Без оглед на тоа дали на вашата свадба се чувствувате како во главна улога или не, така ќе се почувствувате со сигурност кога ќе ги добиете вашите свадбени фотографии и видео направени од ЗАГА продукција. Внимателно одбраните кадри, високиот квалитет на фотографија и совршените бои, со право им го носат епитетот „најдобри“ кој го вреднуваат и невестите надвор од Македонија. На вашата свадбена сесија ќе направат фотографии кои потсетуваат на постер за холивудски филмски хит, или може да се искористат како насловна страница на елитно списание за венчаници. А освен фотографиите, и свадбеното Love Story видео ќе ви биде како мини филм со внимателно поврзани кадри:

majaizokizaga m

majazaga m

2.СПОНТАНИ ФОТОГРАФИИ

Најинтересните фотографии се оние  кои воопшто не знаете дека се направени, оние на кои не позирате, туку уживате во моментот. Оние на кои не глумите, туку искрено покажувате што чувствувате. Е, такви фотографии, полни со живот, искрена и ненаместена насмевка ќе ви направат Will You?!

3. ФОТОГРАФИИ СО ПРИКАЗНА

Ако сакате свадбена фотосесија со одредена тематика, и фотографии кои една после друга се надоврзуваат на почетната приказна, ви предлагаме да ги одберете IDEA LAB PHOTOGRAPHY. Оригиналниот стил на фотографиите и обработката со одредени филтери, даваат шмек на секоја фотографија:

 

4. РОМАНТИЧНИ ФОТОГРАФИИ

Не дека останатите не се романтични, но кај TWOO CLICKS некако тоа е повозвишено прикажано. Нивните фотографии содржат многу интересни реквизити, несекојдневни локации и фантастични кадри. Користат доста темни бои кои прават извонреден контраст со белата венчаница.

 

5.УМЕТНИЧКИ КОЛАЖ ФОТОГРАФИИ

Ако сакате вашите прекрасни свадбени фотографии да бидат како Инстаграм колаж со совршени кадри, би ги предлагаме SAY YES, кои се исклучително талентиран тим фотографи кои многу вешто знаат да го доловат вистинскиот миг и вистинскиот агол за направат совршени фотографии:

6. МАГИЧНИ ФОТОГРАФИИ

За оние кои сакаат магични фотографии со многу боја, или пак ако мислите дека постои можност да ви заврне на денот на свадбата, препорачуваме вашите фотографии да ги направи Showtime Panajoti, бидејќи ќе добиете навистина магични фотографии:

Слободно додајте и вие своја препорака пишувајќи ни во коментар под овој текст кое фото студио го препорачувате и по што  се издвојуваат нивните фотографии од останатите.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?