Како да започнете со организација на вашата свадба?

Значи веќе се веривте? Ви честитаме! Пред вас е многу интересен и динамичен период и знаеме дека сте пресреќна очекувајќи многу интересен период пред вас. А всушност, и кој не би бил возбуден? Да бидеме искрени, ќе имате многу изненадувања, но и многу нервози, но на крај се ќе биде како што се посакувале. Или воглавно ќе биде така. А доколку со време се организирате, на денот на свадбата ќе бидете релаксирана и смирена. И се прашувате од каде да почнете? Еве како:

the 5 worst wedding planning tasks do them now

1. Организирајте се самата себеси. Почнете од работната маса и опкружувањето. Средете се околу себе. Потоа направете си кафе, вклучете го компјутерот и почнете со разгледување на содржините на Bride.mk. Ако ви треба некој совет идеја или помош околу организацијата на вашата свадба, можете слободно да ни пишете.

2.Направете си календар во кој ќе ги внесувате важните датуми, обврски и останато. Паметниот запишува, нели? Уште и ако имате некој убав женствен планер, ќе ви биде уживање да водите евиденција во него.

3. ЕДна од ставките кои би требало да ги запишете е не само листата на гости, туку и нивен телефонски број, како и контакт од сите важни луѓе, како фризерот, козметичарот и слично. Кога сите контакти ви се на ено место, многу е полесно.

4. Испланирајте го буџетот. Направететабелавокоја ќе го запишувате секој трошок, дури и најмалиот. Така ќе имате се на едно место. И секој денар ќе мора да го оправдате.

5.Набаветеси плутена табла и на неа закачувајте ги сите интерсни детали кои сакате да ги имате на свадба.

 

Доколку сакате во организирањето на свадбата да ви помогнат професионалци, пишете ни, полни сме со препораки!

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?