Колку е важна последната песна на свадбата и каква да биде таа?


Знаете ли кој е детаљот исто битен како и првиот танц? Првиот танц на свадбите е дефинитивно очекуван, клучен, најромантичен и најљубовен симбол на свадбите, нели?

Ако не те допираат емоции кога ќе видиш како невеста и младоженец за прв пат официјално како сопруг и сопруга танцуваат, со пригушено светло, дим и ѕвездено небо,во прекрасна романтична атмосфера, тогаш дефинитивно не знаеш во какви ситници се крие љубовта!/

Тие нежни, успорени движења, заљубени погледи и вистински искрени насмевки, додека во позадина свири „нивната песна“... Аххх... вистински магичен момент! И да, таа прва песна мора да биде внимателно одбрана, бидејќи ја отвара веселбата.

Но, има уште еден детаљ кој е важен колку и првата песна и првиот танц. Тоа е - последната песна со која ќе ја заворите вечерта.

Niki Justin wedding first dance

Да, првата и последната песна имаат иста функција - првата песна во комбинација со првиот танц ја отвора свадбаа и претставува увертира за она што следува. Од самиот почеток имладите и гостите треба да ги следи опуштена, романтична и љубовна атмосфера. Кога е во прашање последната песна, таа треба да го создаде она чувство на спокој, среќа и заљубеност, нежни чувства поради кои повторно веруваш во љубовта, без оглед на годините и возраста. Затоа, последната песна треба сите гости да ги наведе да заиграат на подиумот, и последен пат да им се придружат на младите на танцот, во тој посебен момент.

 bride and groom dancing wedding

И која е тогаш песна совршена за последна песна? Тоа првенствено зависи од вашиот музички вкус и музиката која доминирала на свадбата. Последната песна може да биде во сличен стил какои првата. Но, не е неопходно да биденекоја балада, но пожелно е. Исто како што е пожелно тоа да биде некој хит, некој класик кој ќе пробуди слични чувства кај сите гости, и кај постарите и кај помладите.

Епа, ако веќе одбравте песна за прв танц, сега размислувајте која би била песната за последниот?