Свадбени огледала - нов тренд на свадбите

Свадбените декорации даваат сосема поинаква душа на свадбата. Табличките на кои се пишува со креда се доста застапени, но на оние свадби во рустикален стил. Што ако вие сакате поинаква, елегантна и модерна свадба?

Најновиот светски тренд во свадбените декорации се огледала на кои се испишани цитати, иницијали, ознаки, дата и слично. И самите можете лесно да ги направите доколку имате интерсни стари огледала дома, на кои со бела боја ке испишете текст кој сакате да стои. Можете дури и да го отпечатите текстот во некоја печатница и само да го залепите врз огледалото.

За да ве инспирираме, ви ја сервираме оваа галерија:

capetownwedding-mirror-menu