Ќе ми бидеш ли кум? Најдобри начини да го поканите кумот!

 

Веќе сте размислиле кој сакате да ви биде кум или кума на свадбата, но не сте размислиле на кој начин да го поканите?

Усното канење е веќе излезено од мода, па пожелно е да го поканите кумот на уникатен начин, при што нема да има време за размислување и со задоволство ќе ја прифати поканата.

Groom-With-Best-Man-And-Groomsmen-At-Wedding

Затоа ви даваме неколку креативни начини како да го поканите кумот да биде еден од најважните гости на вашата свадба.

Искажете се преку уникатна покана

Ако сакате да бидете едноставни, можете да му дадете покана со интересен дизајн кој можете да го најдете на интернер. Но за да не губите време на пребарување, ние одбравме за вас неколку интересни дизајни. Вие се' што треба да направите е да ја изберете онаа која најмногу ви се допаѓа и да се обратите во ателје за изработка на покани (или кај некој графички дизајнер) да ви го направат истиот дизајн, секако персонализиран со вашите имиња и датуми.

 

Мал подарок

Сега кога веќе одбравте покана, заедно со неа можете да му подарите нешто интересно, нешто што не е премногу скапо, бидејќи сепак станува збор за покана.

Ако вашиот кум има стил, можете да му подарите интересен постер во рамка за слика како на пример:

Некој аксесоар исто така е пожелен, спакуван во оригинално и персонализирано пакување.

Нешто исто така оригинално што можете да го направите за ич пари, е да го поканите со пиво со персонализирана етикета:

После нешто вакво, сигурно дека со задоволство ќе ја очекува вашата свадба и одлично ќе се снајде во доделената улога.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?