За што размислуваат мажите пред да ја запросат саканата?

Во овој период од годината кога се најактуелни запросувањата, откриваме што сè му паѓа на памет на еден маж пред да се одлучи да ја запроси саканата. Еве кои прашања си ги поставува тој:

1. „За што размислувам јас?“
Многу работи минуваат низ машкиот мозок кога се подготвува да го постави тоа прашање, така што состојбата во главата му е мешаница од парализа до анализа!  Најефективниот лек за ова е тој да стане, односно да клекне, и едноставно да праша.

2. „Ме сакаат ли нејзините?“
Доколку се имаат запознаено и знаете дека тој одлично се сложува со вашите родители, веројатно ова не би го загрижувало. Но сепак, кога едни родители ви ја доверуваат ќерката за цел живот, одговорноста не е  ни малку мала.

maz-misli1

3. „Како да знам дали е таа вистинската?“
Има една сцена од еден филм каде војската го чисти оружјето и рецитира: „ Ова е мојата пушка. Има многу други како неа, но токму оваа е моја“... Пото продолжуваат велејќи дека пушката за војникот е „најдобар пријател“ и „живот“, без неа војникот е бескорисен и обратно. Неразделна партнерка! Има многу како неа, но само една е покрај НЕГО токму сега, која тој ја сака. И што е најважно, потрбна ви е само ЕДНА.

4. „Дали таа ќе каже „да“?“
Тој речиси е сигурен дека ќе кажете „да“, но всушност не е баш најсигурен дека знае, додека не го сушне тоа.

5. „Како ќе се промени мојот живот?“
Секој маж се плаши од промените во неговиот живот по венчавката. Но, најголемиот дел од нив многу брзо го надминуваат, особено поради сознанието дека тој нов живот секако дека ќе му донесе среќа, и поради сознанието дека растењето и годините прават промени во животот.

6. „Како нејзиниот живот ќе се промени?“
Обично за жените е многу потешка оваа промена отколку за мажите. Но, со оглед на тоа што ќе градите заеднички живот во иднина, не треба да се плашите од промените кои ве очекуваат.

maz-misli2

7. „Како ќе се промени нашиот сексуален живот?“
Одговорот на ова прашање би требало да биде „на подобро“.

8. „Ќе биде ли таа добра мајка?“
Да, затоа што таа е добра пријателка, ќерка, девојка и личност. Да не беше така, немаше сè уште да бидете заедно.

9. „Дали прстенот уште е таму?“
Кога тој го има прстенот, станува најпараноичен маж на светот. Дали прстенот сè уште е во автомобилот? Дали можеби му испаднал од палтото? Тоа е нешто што го загрижува додека прстенот не дојде до вашата рака.

10. „Јас сум генијалец!“
Сознанието дека тој ја пронашол љубовта на неговиот живот и започнува иднина со неа, го прави да се чувствува горд и среќен!

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?