Што треба да направите кога ќе добиете веренички прстен?

Дојде моментот што го чекавте! Кажавте „ДА“, вашата дланка е погламурозна со ново светкаво прстенче и наскоро ќе бидете невеста. Но, од каде да почнете? Логично прво ќе треба да им јавите на најблиските, а потоа и нема некој одреден редослед што да направите следно, но воглавно ова се неколку работи кои треба да ги направите:

can-woman-propose

1. Јавете им се на родителите

Не смеат да дознаат од некој друг.Јавете им се и израдувајте ги.

2.Средете си ги ноктите

Вашите раце ќе бидат во центарот на вниманието следните неколку недели, што значи дека мора да имате средени нокти.

3.Објавете селфи со прстенот

Ова секако не се однесува на оние кои не сакаат да ја споделуваат приватноста на социјалните мрежи, но за останатите, фотка со прстеност е задолжителна.

4. Сменете го статусот на Фб

Веќе не сте во врска, сега сте чекор напред.

5.Прославете

Наздравете! Прославете со најблиските.

6.Димензијата на прстенот

Ако прстенот ви е голем однесете го на стеснување. Тешко дека би ви бил мал, ама во тој случај одете и сменете го за поголем.

7.Почнете да мислите за дата

Најубавите датуми за свадба се година дена однапред резервирани, па колку порано почнете да прашувате за слободни места, толку се поголеми шансите дека ќе си најдете убава дата, во убав ресторан.

8.Одлучете колкава свадба ќе правите

Потребно е да знаете колку гости ќе поканите, за да можете да најдете соодветен ресторан за свадба.

9.Разгледувајте фотографии и читајте статии поврзани со свадби

Најголем дел квалитетни содржини имате токму на Bride.mk.

10.Улоги на свадбата

Размислете кој би ви бил кум/старосватица/девер.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?