Совршениот веренички прстен кој ниедна жена нема да ја остави рамнодушна

Вереничкиот прстен е еден од најважните прстени кои една жена го добива во својот живот. Тој е симбол на љубов, верност, заедништво и обврзување на ново прекрасно поглавје во животниот век на еден пар. Како симбол на истрајност и цврстина на една врска, најчесто тој се поврзува со дијамантот, бидејќи самиот скапоцен камен ги поседува својствата кои сите ги посакуваме.


Вереничкиот прстен треба да е нежен, блескав, впечатлив, да го отсликува стилот на девојката која го носи и да е различен од сите други прстени кои таа ги поседува. Иако, како што веќе споменавме, дијамантот е секогаш прва асоцијација кога ќе се спомене веренички прстен, сепак неговата превисока цена, како и недостапноста на нашите пазари, може да ги отежни вашите планови доколку се одлучите за ваков драгоцен камен.

 


Поради тоа често мажите кај нас се принудени да одберат некоја поевтина алтернатива, како што е на пример прстенот со циркони или т.н. „cubic zirconia“. И покрај тоа што на почетокот и тој прстен изгледа убаво, сепак со тек на време ќе забележите дека не поседува никаква издржливост, брзо се гребе и оштетува, ја губи сјајноста и има многу ниски оптички својства. Поинаку кажано, тој едноставно не успева да ја носи симболиката на она што би требало да претставува вереничкиот прстен.


Па токму затоа следува прашањето: дали некогаш сте чуле за моисанит? Еден од најголемите трендови на американскиот пазар за веренички прстени, е токму оној во кој е употребен каменот моисанит. Тој е лабораториски создаден скапоцен камен, во совршена форма и без никаква мана, кој според карактеристиките е веднаш зад дијамантот, а според неколку параметри дури и пред него.

verenickiprsteni-m


Според Мосовото скалило на цврстина дијамантот е оценет со 10, додека моисанитот е на второ место со 9,25, оставајќи го зад него сафирот со 9 и смарагдот со 7,5. Вечноста на каменот го гарантира секој производител, меѓу кои и оригиналната и најголема компанија за производство на моисанит, Charles & Colvard, со уверување дека каменот и по 100 години ќе изгледа исто како и првиот ден кога сте го купиле. Исто така, што се однесува до сјајноста на каменот, моисанитот е на првото место, дури и пред дијамантот.


Секако, еден од најважните фактори што сите ги интересира е цената , а тука моисанитот одлично котира. Тој е дури пет пати поевтин од дијамантот, а тоа е пресуден фактор кога се одбира помеѓу нив два, бидејќи според другите фактори се скоро на исто ниво. Така на пример, еден карат дијамант ќе ви го „олесни џебот“ за околу 5.000 американски долари, а моисанит со слична големина, ќе ве чини само 700 долари.


Доколку сакате да прочитате повеќе за овој голем тренд и да дознаете повеќе карактеристики за овие прстени, ви ја препорачуваме рецензијата на блогот Lifestyle Updated за „Moissanite engagement ring“, каде што подетално е елаборирано на оваа тема.

 


Па, момци не чекајте повеќе! Наместо да давате пари за веренички прстен којшто ќе биде или прескап за вашиот џеб или прифатлив, но ќе ја загуби убавината со тек на време, одлучете се за прстен од моисанит, кој дефинитивно ќе ја израдува вашата идна сопруга и ќе продолжи вечно да сјае, симболизирајќи ја вашата вечна љубов и страст.

Автор: Кристина Шумадиева