4 бои што треба да ги избегнувате како гости на свадба

Додека пребарувате низ Вашиот плакар обидувајќи се да го пронајдете совршениот фустан на идната свадба на која треба да присуствувате како гостинка, внимавајте да не направите погрешен избор кога се боите во прашање, за да не ве помешаат (недај Боже) со невестата или со деверушите. Затоа, разгледајте ги опциите, и избегнете фустанот да биде во некоја од следните бои:

boidagiizbegnetenasvadba-m

Да почнеме со очигледното
Се мислите да го облечете штотуку купениот бел фустан? НИКАКО! Ова е правило број еден, дека не смеете на туѓа свадба да носите бело. Има милијарди други бои на светот, нели?

Шампањ боја
Светла, не чисто бела, туку боја на шампањ или било која друга многу светла боја која наликува на бела треба да избегнувате, затоа што штом се намалат светлата некому може ќе му се пристори дека сте невестата. А тоа не смее да се случи.

Бојата на деверушите
Распрашајте се дали на свадбата ќе има деверуши облечени во исти фустани, и доколку да, која би била бојата, за да знаете да ја избегнете.

Светки, светки насекаде
Светкавиот фустан сочувајте го за следното излегување во град. Избегнувајте да носите нешто премногу светкаво или дречливо. Сите погледи треба да бидат кон невестата, а вашиот изглед на „диско топка“ можеби ќе го уништи нејзиниот момент кога треба да блеска.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?