Каков вел ви одговара според формата на лицето?

Секоја идна невеста може да припаѓа на една од двете категории: онаа што свадбениот изглед ќе го надополни со вел, и онаа која нема да носи вел. Оние кои ќе се одлучат да не носат вел не значи дека нема да изгледаат совршено, затоа што најчесто фризурата е таа која не дозволува да се носи вел.

vel-obliklice-m

Доколку се одлучите да носите вел, прочитајте како да го изберете совршениот според обликот на лицето.

Доколку имате лице во облик на дијамант или овален облик, нема да згрешите со изборот без оглед на тоа каков вел ќе одберете, бидејќи сите ви прилегаат. Исто така, лентите преку чело може да бидат супер избор за вас.

Доколку имате издолжен облик на лице, треба да носите вел кој доаѓа во комбинација со тиара или венче. Фризурата во тој случај треба да биде подигната во висока пунџа.

Ако лицето ви е во срцевиден или триаголен облик мора да одберете модел на вел кој го открива лицето. Пожелно е да има некои детали во предел на темето на главата.

Четвртастото или правоаголно лице треба да го „омекнете“, а тоа ќе го постигнете со долг вел кој благо го допира лицето. Ако не сте љубителка на долги велови, тогаш изберете детали од чипка.

Ако вашето лице има округла форма тогаш треба и фризурата да ја прилагодите на формата на лицето. Во тој случај неопходни се шишки, а еве каков треба да биде велот:

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?