Селебрити деверуши кои ги засенија невестите

Познатите дами се секогаш во центарот на вниманието, а особено се итнересни кога ја имаат улогата на деверуша на блиска свадба.

deverusi-m

Погледнете неколку свадби на кои познати личности беа деверуши кои  направиле одличен избор на фустан.

Идличниот фустан на Ријана
Ријана изгледа неверојатно во улогата на деверуша во овој виолетов фустан, кој го носеше на свадбата на нејзината асистентка Џенифер Моралес.

Романтичниот фустан на Џенифер Лоренс
Дефинитивно една од најдобрите деверуши меѓу славните, Џенифер оренс, беше една од 11-те деверуши на свадбата на нејзиниот брат Блејн.

Фустанот на вистинска дива: Бијонсе
На свадбата на нејзината сестра, Бијонсе, како и останатите деверуши, беше облечена во бел фустан, едноставна, но сепак елегантна креација.

Босоногата деверуша: Ева Лонгорија
„Очајната домаќинка“ неколку пати беше деверуша. На фотографијата подолу, синиот фустан го носеше на свадбата на нејзината пријателка Арина Пералта од шпанија.

Деврушата модел: Кара Делевињ
Одна од најпознатите модели на светот, Кара Делевињ, на кратко се откажа од нејзиниот специфичен стил и се одлучи за пософистициран изглед во улогата на деверуша на вадбата на нејзината сестра. Кара изгледаше феноменално во бел фустан кој одговара со венчаницата на нејзината сестра.

Клонираните деверуши: Сестрите Кардашијан
За време на третата свадба на Ким, нејзините четири сестри станаа најпопуларни деверуши. Ким Кардашијан се омажи со Кајн во италија, а сите нејзини деверуши носеа бело.Клои, Кортни, Кендал и Кајли, сите имаа слични долги фустани кои ја надополнуваат венчаницата.

Кул деверуша: Лејди Гага
Лејди Гага е исто така една од славните деверуши кои во оваа улога се имаат најдено повеќе пати. Во 2015-та година на свадбата на нејзината најдобра пријателка таа носеше долг фустан во боја на лаванда.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?