Намирници кои треба да ги избегнувате пред свадбата за да имате блескаво бела насмевка

Убавата и бела насмевка е задолжителна на Вашата свадба. Но, тоа не подразбира само посета на стоматолог или пак избор на кармин кој ќе ги истакне Вашите усни. Морате да водите сметка за храната која може да влијае на насмевката. Поради тоа има  некои намирници кои треба да ги избегнувате за да не остават дамки на Вашите заби. Точно дека постојат препарати за избелување, но многу е подобро да се спречи појавата на жолти дамки отколку да се отстранува.

Затоа, еве која храна треба да ја избегнувате непосредно пред свадбата:

bridesmile1

Цвекло
И сами знаете какви дамки остава цвеклото на облеката, па можете да замислите што им прави на забите! Затоа измијте ги забите веднаш после јадењето цвекло доколку сакате бела и блескава насмевка.

Кисели краставички
Веројатно не се надевавте дека ќе бидат на оваа листа, но киселите краставички со нивната киселина ја напаѓаат и уништуваат глеѓта на забите, што може да предизвика настанување дамки.

Пасиран домат и кечап
Поради големата киселост и јаките црвени пигменти, пасираниот домат и кечап можат да предизвикаат дамки на забите и да го намалат нивниот сјај. Затоа избегнувајте пред свадбата да ги консумирате овие производи.

Боровинка
Ова сочно и лековито овошје може да го поправи вашиот имунитет, но сепак избегнувајте го неколку дена пред свадбата затоа што може да ја намали белината на забите.

Кафе и чај
Претерувањето со вашиот омилен напиток, без оглед на тоа дали станува збор за пиење кафе, капучино или чај, може да предизвика појава на жолти дамки на вашите заби. Со додавање млеко во кафето и чајот можеда да го намалите ризикот, или едноставно можете да пиете зелен или бел чај за да се поштедите од непријатната посета на стоматолог пред свадбата

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?