Нова колекција на Росица Мршиќ за пролет/лето 2015

Ревијалниот дел на единаесеттиот пролетен Моден викенд го отвори ревијата на Росица Мршиќ која е препознатливата по експериментите со кроевите овојпат ја презентираше колкецијата за актуелната сезона пролет/лето 2015 година.

„Колекцијата е дефинирана од три термини: асиметрија, контраст и униформа, реализирани со меѓусебната спротивност на употребените бои: млечно бела, црна, сончево жолта и длабока црвена. Идејата за изгледот на силуетата е да се претстави лесна, современа и женствено комфорна нота. Природните материјали во комбинација со структурата на ткаенините го надополнуваат целосниот изглед и додаваат лежерна линија“, вели Росица Мршиќ.

Со оваа колекција креаторката ја започнува осмата година на континуирано пласирање авторски модни колекции.
Мршиќ продолжува да го шири својот бренд во САД преку новата соработка со платформата на „19th Amandment“ на која може да се купат нејзините колекции. Креациите се достапни и во нејзиното студио, во бутикот ВИА и Lostus Design Store во Сити Мол, онлајн продавницата Bastet Noir, Youngrepublic, Yeloox, Etniico и Mytrend.



19

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?