Што не треба да облечете за љубовна фотосесија?

Освен свадбените фотографии се’ поактуелни и кај нас стануваат љубовните пред-свадбени фотосесии. Но, многу идни невести се во дилема што да облечат за тие важни фотографии. Еве неколку совети од нас за да не погрешите при изборот и за да имате извонредни фотографии.

Избегнувајте го следното:

What-Not-to-Wear1

1. Облека во која не се чувствувате удобно

Најдобриот совет е секогаш да носите облека во која се чувствувате пријатно. Доколку не обожавате високи потпетици или кратко мини, а за сесијата го одберете токму тоа, вие нема да бидете таа што сте, а вашата неудобност многу лесно ќе се забележи и на фотографиите.

2. Двајцата облечени исто

Усогласувањето на боите може да биде навистина слатко, но ако двајцата се облечете идентично, навистина е премногу! Наместо тоа обидете се да комбинирате бои кои се надополнуваат една со друга. На пример, виолетовата добро оди во комбинација со жолтата, сината со портакаловата, црната со сива или бела.

3. Многу логоа и големи шари

Од очигледни причини, избегнувајте на вашите свадбени фоторгафии маици на кои со огромни букви го пишува името на брендот. Сепак, вие немате намера да бидете подвижна реклама, нели. Исто така големите шари може да бидат многу лоши, со тоа што го оттргнуваат вниманието од вас.

4. Дречливи бои

Колку и да ви се допаѓаат, неонските бои прават екстремен отсјај со што му даваат поинаква боја на вашиот лик, затоа никако немојте да ги бирате за оваа пригода.

5. Било што што е многу тенко или проѕирно

За жал камерата гледа многу работи што не се гледаат со голо око, па многу пати тенката облека може на фотографиите да изгледа проѕирно.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?