Што открива за вас материјалот од кој е изработена вашата венчаница?

Стилот е еден од најбрзите начини да ја изразите вашата личност и точката на гледиште, и ништо не зборува повеќе за една жена отколку нејзината венчаница. Таа прекрасна тоалета е манифестација на женскиот глас, соништа, вкусови и самодоверба, и сето тоа склопено во едно прекрасно бело издание.

Ако некогаш сте се запрашале што вашата венчаница зборува за вас, еве како да откриете врз основа на материјалот од кој е изработена.

what-your-wedding-dress-fabric1

Сатенска свила - Традиционална
Вие сте традиционалист. Сигурно сте ги испочитувале и сите традиционални обичаи на вашата свадба. Класичниот невестински стил никогаш не излегува од мода.

Шифон - Феминистка
Флертувачка, женствена и разиграна невеста носи венчаница од овој материјал.

Тул - Принцеза
Роденден, моминска вечер, Валентајн, свадба... За било која прослава и да се подготвувате вие сакате да изгледате неодоливо и гламурозно. Вие сте „принцеза“ која секако за својата свадба мора да носи балска венчаница.

Чипка - Романтичарка
Чипкасти венчаници одбираат романтичните невести.Вие знаете како да го носите тој нежен материјал на себе и да заблескате на денот на вашата свадба.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?