Направи сама: Украсете ги црните шноли со бисери

Доколку не сте љубители на цветови и венчиња, а сепак како невеста треба да имате нешто во косата, еве еден многу лесен начин да ги украсите црните шноли со бисерчиња. Дефинитивно сме „ЗА“ ваков украс во косата затоа што му дава елеганција на невестинскиот изглед, особено е впечатлив ако  носите полусобрана коса.

Многу лесно можете да ги направите дома, со тоа што ви е потребно: црни шноли, бисерчиња, рибарски конец, ножици и лепило. Постапката е јасна: нанижете неколку бисерчиња на рибарскиот конец, поставете ги на шнолата, заврзете и прицврстете со лепило.
Вашиот невестински украс е подготвен! А доколку креативноста е на ваша страна, можете да пробате да направите и поинакви форми.

 

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?