Модни трендови за младоженци за 2015-та

Ви ги претставуваме топ три модните трендови кои ќе бидат доминантни кај младоженците во 2015-та година.

Сако во поинаква боја
Модата кај младоженците премина од очекуваниот униформиран стил, во малку поголема разноликост. Неусогласеноста на боите на сакото и панталоните им дава шанса на младоженците да носат нешто што им се допѓа, но исто така им овозможува да носат облека која можат да ја носат повторно.

Морнарски свадбен костум
Гучи го презентираше морнарскиот стил како водечки тренд за младоженците во 2015-та година. Не велиме дека треба стриктно да се почитува комбинацијата од сина, бела и црвена, но добро е да има присутно некоја од наведените бои во стајлингот на младоженецот.

Беж нијанса на свадбен костум
Црна, сина и сива се секогаш на врвот на изборот на свадбен костум за младоженецот. Но време е да се внесе нова боја во изборот. Размислете за светло-кафена/беж нијанса за вашата пролетна, летна или есенска свадба.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?