Венчаници за принцези. Венчаници со волумен

Малите девојчиња сонуваат дека прекрасен принц ќе ги пронајде и ќе живеат среќни засекогаш. А големите девојки кога ја замислуваат својата свадба се гледаат себеси во прекрасна бела венчаница, во која изгледаат како принцеза. Па, доколку и вие посакувате да кажете „ДА“ облечена како принзеца, тогаш вашите соништа лесно ќе се исполнат. Во продолжение можете да видите дел од прекрасните венчаници со волумен на брендот Pronovias од колекцијата 2015.

Но, важно да знаете дека не секој фустан прилега добро на секоја жена. Па така, овој тип венчаници е идеален за невести со мал стук, тесни раменици и широки колкови. Ваквите венчаници го истенчуваат телото и го ставаат акцентот на здолништето.

Високите невести исто така имаат среќа, бидејќи ваквите фустани го истенчуваат струкот.

Принцес венчаниците се исто така добра опција за пониските невести. Ако сте слабичка, тогаш одберете фустан чие здолниште почнува од струкот, за да изгледате „пополничка“.

Доколку имате широки колкови исто така можете да носите ваква венчаница која ви ги прекрива колковите.

Како што можете да забележите, ваквиот крој на венчаници им одговара на повеќето жени затоа што ја истенчува половината и ги прекрива колковите.

Дали и вие сакате да бидете како принцеза?

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?