Во дилема: Како да се одлучите меѓу две венчаници?

Уште пред да се впуштите во авантурата на пронаоѓање на венчаница, тргнувате со помислата дека треба да ја пронајдете „вистинската“. Но што ако наместо една најдете две, а таков луксуз не можете да си дозволите? Освен што ќе ја прашате мајка ви и пријателките за мислење (што не е воопшто лоша идеја), ние имаме за вас неколку стратегии за кои можеби нема да се сетите, кои ќе ви помогнат да донесете правилна одлука.

1. Направете фотографии
И не само за да видите како изгледате во секој фустан! Фотографирајте се во двата фустани на кои паднал изборот и ставете ги фотографиите една до друга. Гледајте како ви стои фустанот, но уште поважно - гледајте каков ви е изразот на лицето на двете фотографии. Дали се смеете? Во кој фустан изгледате како да сте повозбудена? Во кој фустан изгледате дека сте среќна? Можеби одговорот на овие прашања нема да го најдете додека ги пробувате венчаниците, но вашиот израз на лицето и говорот на телото на фотографиите ќе ви покажат кој фустан го сакате повеќе.

dvevencanica

2. Сами донесете ја конечната одлука
Секако дека е супер кога имате со кого да отидете во шопинг на венчаници, но некогаш тој некој може да има негативно отколку позитивно влијание кога станува збор за донесување конечна одлука. За да избегнете секакви притисоци и да спречите да ве убедат да земете фустан за кој можеби ќе се покаете, најдобро е да ја донесете сами конечната одлука.

3.Помислете и на идниот сопруг
Секако дека сакате да купите фустан од вашите соништа, а не од неговите, но кога веќе сте толку блиску до одлуката и се двоумите меѓу два, тогаш добар одлучувачки фактор може да биде мислењето на идниот сопруг. Свадбата е специјален ден за вас двајцата, па дури и кога тој не е директно инволвиран во изборот на фустанот, кога ја донесувате конечната одлука помислете на него, кој фустан повеќе би му се допаднал?

4.Запрашајте се себеси кој од двата фустани повечќе „личи на вас“
Многу пати сакаме да изгледаме како некоја позната личност во некој прекрасен фустан. Но, најбитно е на свадбата да се чувствувате свои, а не како некој друг.

5. Размислете за целокупната појава
За полесно да се одлучите размислете за целокупната ваша појава на свадбата, но и за предностите и недостатоците кои ги има секој модел на венчаница.

И да, за која и да се одлучите ќе бидете најубава невеста!

СРЕЌНО!

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?