Зошто не треба да купувате венчаница од непроверени места?

На интернет се појавија фотографии од разочарани невести кои порачале венчаница од интернет, а не добиле ни приближно нешто на она што го порачале.

Кај нас нема тренд на купување венчаници преку интернет и со право е така.

Прво, поради тоа што купувањето венчаница од интернет можеби изгледа како економично решение, но проблемот е во тоа што голем број сајтови нудат продажба на венчаници преку интернет, кои се копија на дизајнерските венчаници, но не личат воопшто ни приближно на венчаница, а камо ли на оригиналната.

Венчаницата е најважниот фустан во животот на една жена. За среќа, кај нас постојат многу добри и професионални дизајнери и ателјеа кои се професионалци во оваа работа, користат ексклузивни материјали и можат да ви го направат фустанот од Вашите соништа, без да ризикувате што би добиле ако го порачате од интернет. И сето тоа нормално дека би било со поразумна цена отколку оригиналната венчаница на Галиа Лахав, на пример.

Друга предност е тоа што венчаницата купена тука можете да ја видите, да го допрете или одберете материјалот, да ја пробате, да биде направена по ваша мерка. Сето тоа го нема доколку ја купите преку интернет.

Всушност, најважно е тоа што венчаницата може да биде дизајнирана специјално за Вас, правена само за Вас, посебна - каква што сте и вие!

Доколку веќе правевте свадба, од каде ви беше венчаницата и како сте задоволни?

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?