Мила Кадриу - Невестите сè повеќе бираат нетипична венчаница

Модната креаторка Мила Кадриу неодамна ја претстави нејзината нова колекција насловена „Крисатална топка“, а во  моментов се подготвува и за ревијата венчаници која со нетрпение ја очекуваме некаде во февруари. За да дознаеме какви венчаници ќе бидат модерни во текот на следната година, ја прашавме Мила што можеме да очекуваме од нејзината нова колекција:

„Колекцијата која следува ќе биде колекција за венчаници пролет-лето 2015, составена од 15 креации за кои како предвесник беше подготвена венчаницата која ја затвори неодамнешната ревија.Тоа значи дека ќе се задржам на модернистички кроеви кои ќе ја пратат формата на телото,нема да се задржам на основната бела боја туку ќе биде вметнат еден ненаметлив суптулен колорит кој ќе и даде посебен печат на целата колекција.Можам да кажам дека во оваа колекција ќе има доста мулаж техника односно рачна работа - тоа е она што мене ме карактеризира и она што моето ателје го нуди како најквалитетна изработка. Многу бисери и чипки во боја,тулови во комбинација со нечесто употребувани материјали, уникатни и впечатливи“, вели Кадриу.

Креирала илјадници венчаници, видела безброј дизајни на нејзините колеги од светски рамки, па сакавме да дознаеме која венчаница на познатите личности и оставила најголем впечаток:

„GWEN STEFANI.ми остави најголем впечаток дефинитивно,венчаница која буквално дишеше во ист ритам со неа,прекрасен крој и впечатливост кога станува збор за бојата. Многу модерно и исклучиво младешки-полн погодок“.

Во однос на тоа какви модели на венчаници во моментов најмногу бараат нашите невести, Мила вели:

„Не постои рангирање кога станува збор за изборот на венчаница од страна на невестата. Многу ме радува фактот дека секоја од нив доаѓа со различна идеа,различно барање и секако сите од нив се расположени за нашето најпрофесионално идејно решение. Единствено овде можам да напоменам дека се почесто имаме идни невести кои се издвојуваат по својот стил и барања односно бараат венчаници кои и не се толку типични,поточно кратки фустанчиња ,панталони и кошули,сакоа и интересни сукњи во различни должини“.

Неколку совети од Мила Кадриу за тоа како да ја изберете совршената венчаница прочитајте на ОВОЈ ЛИНК, а нејзината последна колекција венчаници наменета токму за оваа сезона погледнете ја на ОВОЈ ЛИНК.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?