„Кристална топка“ е новата колекција на Мcouture

Една од најпознатите дизајнерки кај нас, Мила Кадриу, својата нова колеција ќе ја претстави на 2 декември, на ревија во „City hall“ центарот во Скопје.

Со „ Моќта на заводливост прикажана преку женственоста на линиите кои ја обвиткуваат, нежноста од материјалите кои јасно испишуваат реченици карактеристични само за Неа.“, Мила Кадриу ја опишува најновата колекција.

За изгледот на моделите од модната агенција „Подиум“ кои ќе ги носат креациите ќе се погрижи официјалниот мејк ап партнер на десетотото издание
на Моден викенд Скопје- АВОН во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ“ и фризерското студио „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“.

Додека очекуваме да видиме со што ново ќе  не воодушеви Кадриу, погледнете дел од нејзините досегашни креации на ОВОЈ ЛИНК.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?