Прв поглед во новиот салон на „Кокев“

Модното ателје „Кокев“ ги отвори вратите од новиот салон позициониран во Градскиот ТрговскиЦентар во Скопје. Од сега сите модели на брендот можете да ги најдете во ова пријатно и внимателно осмислено парче простор, креирано од самата Тања Кокев.

„Подолго време размислувам „Кокев“ да го преселам во еден поинаков простор, кој ќе биде подостапен, ќе има излог со кој ќе може постојано да играме и да ги претставуваме новите колекции. ГТЦ е сепак во центарот на градот каде сметам дека  и „Кокев“ треба да биде позициониран и затоа одлуката падна токму тука да се преселиме“, вели Тања.

Со идејата за преселба на салонт, познатата дизајнерка виде можност своите креативни способности да ги насочи и кон дизајнирање на самиот ентериер, со намера да создаде пријатно катче за сите посетители:

„Преку уредувањето на новиот салон, се пробав и во еден друг сегмент - уредувањето ентериери. Целиот простор е осмислен и дизајниран лично од мене, почнувајќи од позиционирањето не мебелот, до неговите форми и дизајни на ткаенини. Станува збор за еден стил, т.н. French Country Style, суптилна романтика прикажана преку принтовите не ѕидовите, рустика преку подот, наспроти модерното осветлување. Сето тоа надополнето со многу цветови изработени од свилена органза.

Најважно, според мене, е просторот да го претставува брендот во целост. Да има позитивна енергија и многу светлина. Секако, не помалку битно е клиентите да се чувствуваат комфорно и убаво, да има доволно простор и за вработените да се чувствуваат пријатно додека се на работа. Само така енергијата ќе циркулира во позитивна насока“, изјави дизајнерката.

Пред самото свечено отворање имавме прилика да ѕирнеме како изгледа новиот салон на Кокев:

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?