За да не се покаете: Фотографии од венчаницата кои мора да ги имате

Доколку и вие сте како повеќето невести кои ги знаеме, потрагата по совршената венчаница е долготрајно и стресно, но истовремено и прекрасно искуство. Со оглед на тоа што станува збор за облека која ќе ја облечете само еднаш, задолжително е да направите прекрасни фотографии. Затоа добро би било додека разговарате со фотографот да му кажете какви фотографии посакувате.

За да ви помогнеме, ви претставуваме неколку прекрасни фотографии кои ќе ве инспирираат.

Покажете ги карнерите максимално
Бидете инвентивни! Ова е прекрасна фотографија на која невестата гледа низ прозорецот, додека во прв план се истакнуваат карнерите на нејзината венчаница.

Моментот на закопчувањето
Нема поемотивна фотографија од онаа на која вашата мајка, сестра или блиска пријателка ви помага во облекувањето на фустанот.

Од рамениците надолу
Доколку сте, а сигурно сте, фасцинирани од вашата венчаница, дозволете и да биде во центарот. Класична фотографија од рамениците надолу не им дозволува на гледачите да се фокусираат само на вашето прекрасно лице, туку ќе мора да ја погледнат величественоста на венчаницата.

На закачалка
Има причина зошто ваквите фотографии се многу популарни.Ваквата фотографија претставува затишје пред бура.

Покажете го грбот на заедничка фотографија
Голем дел од венчаниците (барем кај последните трендови) се прекрасни во делот кај грбот.Направете една ваква фотографија заедно со партнерот, каде вие сте свртена со грбот кон објективот.

Копчињата
Ако вашата венчаница има копчиња на грбот, тие се прекрасен детаљ кој вреди да се види. При фотографирањето на оваа поза тргнете го велот на страна за да не ги прекрие убавините во задниот дел од фустанот.

Деликатните рабови на чипката
Чипкастите рабови најчесто го даваат финалниот допир на романтика.

Во негови прегратки
Фотографија на која тој ве крева во прегратка овозможува уште повеќе да се покаже вашиот фустан и вел.

Прекрасната „опашка“ на венчаницата
Ако одберете модел на венчаница која во задниот дел се влече по земјата, тоа е секако момент кој мора да остане забележан.

Покажете ги чевлите
Седнете со поткренато здолниште и покажте ги вашите чевли.

Од птичја перспектива
До сега ви сугериравме да направите фотографии од напред, од назад и од страна, но сега предлагаме и фотографии од горе. Ваквата фотографија ја прикажува венчаницата во сосема нова перспектива.

Придржете го здолништето
Професионалните модели знаат како да се движат за да внесат живост во фотографиите. Направете го и вие истото придржувајќи ја венчаницата додека се движите.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?