Bride.Mk предлог - Елегантна шминка со која ќе заблескате

Денес ви предлагаме да ги потенцирате очите со тоа што ќе ги исенчате со кафеава сенка за очи , која од надворешните агли би била потемна, а како се приближува кон внатрешниот агол на окото преминува во бела сенка.

Со темна кафеава сенка поминете и под долнниот капак на окото, а потоа со црн туш повлечете убава линија над горните трепки.

Дефинирајте ја линијата на веѓите за да биде совршена, а за усните користете црвен кармин, со малку неутрална нијанса. Во случајов, на внатрешноста од долниот капак е нанесено бело моливче за очи, со што се постигнува „поотворен“ поглед.