Александар Дадар: Трендови во шминкањето за престојната зима

Оние кои што си го дозволиле задоволството да се препуштат на услугите кои ги нуди „Мое студио Дадар“, имале прилика со само еден поглед во огледалото да се вљубат во одразот на самите себеси. А на денот на свадбата  токму она што го посакуваме е шминката да ни помогне да го истакнеме најдоброто кај нас.

Но, понекогаш не е доволно само да закажеме термин и да отидеме на шминка и фризура на денот на свадбата. Знаеме дека студеното време знае неповолно да влијае на кожата и косата, а за да не дозволиме ништо да влијае на беспрекорниот изглед на овој важен ден во животот, разговаравме со Александар Дадар со цел да дознаеме како и во зимскиот период од годината да изгледаме беспрекорно, но и кои се трендовите кај невестинската шминка и фризура за оваа сезона.


Bride.Mk: Следуваат студени есенски и зимски денови. На што треба да обрнат внимание невестите кои ќе прават свадба во студените денови,  со цел да овозможат идеална нега на кожата и косата и да изгледаат совршено на денот на свадбата?

Дадар: Невестите кои ќе прават свадба во наредниов период треба да внимаваат на неколку работи. Прво мора да внимаваат на кондицијата на кожата и косата, односно да направат третмани за регенерирање и освежување. Шминкерите многу малку  можат да направат на свадбениот ден доколку кожата не е добро третирана, па затоа треба да се обрне внимание месец или два пред свадбата. Класиечн третман со потхранувачка маска збогатена со минерали и витамини е одлична за инстант ефект, како за косата, така и за кожата.

Bride.Mk: Што се однесува на шминката и фризурата, има ли правила и трендови кај невестинскиот стајлинг за престојната сезона?

Дадар: Секогаш е во мода чистиот и свеж изглед. Доколу косата е третирана професионално, фризурата ќе изгледа многу поубаво. Косата ќе биде сјајна и квалитетот на влакното ќе се подобри, па затоа и фризурата ќе изгледа поубаво. Кога е шминката во прашање, оваа зима апсолутен хит е нагласена уста и веѓи, со услов претходно лицето да е добро исенчано за да се постигне добар баланс. Техниката брза трепка, на пример од половина нанадвор, е одлична за гламурозен ефект со нежна шминка на очите.

Bride.Mk: Дали нудите некои специјални пакети за невстите и што опфаќаат тие?

Дадар: Секако дека нудиме посебни пакети за девојките кои се подготвуваат за овој многу важен ден во нивниот живот. Нашиот салон го нуди најдобриот пакет кој содржи: шминка, трепки, бесплатна пробна фризура, фризура и нокти. Оние кои го имаат купено пакетот добиваат до 30% намалене на сите третмани кои се во подготовките, како шишање, депилација, третман на лице, педикир и слично.

 

Прочитајте и : Дадар открива: Што треба да знаете за невестинската шминка?

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?