8 знаци дека високите потпетици (не)изгледаат евтино

Не мора да потрошите многу пари на чевли, а сепак може да изгледа како да сте потрошиле многу. Клучот е во тоа да знаете што е она што прави едни чевли да изгледаат евтино или скапо.

1. Висината на платформата
За жал, колку е повисока платформата, толку поевтино изгледаат чевлите, особено оние со скриена платформа. Чевлите без платформа изгледаат многу пософистицирано.

2.Вистински број
Носењето поголем број чевли изгледа одвратно, како да сте ги позајмиле од некого, и остава впечаток дека не водите сметка за себеси. Без разлика колку се прекрасни чевлите, ако не ви се точни не ги купувајте. Нормално дека поголемите чевли можете да ги пополните со памук, но дали навистина сакате секогаш да го правите тоа? Така не само што залудно трошите пари, туку и времи.

3.Детали на чевлите
Премногу детали на чевлите прават тие да изгледаат евтино. Нема да погрешите доколку изберете чиста, класична линија на чевлите, наместо кичести детали.

Ако сакате анимал принт, изберете чевли кои се целите со истиот принт, наместо чевли во кои се измешани различни текстури и бои.

Ако сакате светкави чевли, изберете металик кожа.

4.Одење во чевлите
Виткање на нозете при носењето превисоки потпетици никогаш не изгледа добро, без оглед на тоа колку чинат вашите чевли. Доколку не се движите нормално во чевлите, заменете ги со чевли со пониска потпетица.

5.Нитни, патенти, каивчиња...
Металните детали како нитните, патентите и каивчињата можат комплетно да уништат еден пар чевли. Не заборавајте дека во овој случај - и помалку е повеќе.

6.Износени чевли
Нема ништо привлечно во износени чевли на кои им се оштетени флекниците и изгребани врвовите.Доколку вие самите забележите некоја гребаница на вашите чевли, знајте дека и другите луѓе ќе ги забележат. Особено овие оштетувања се јавуваат на предниот дел од чевлите.

7.Премногу скај
Тешко е да се најдат чевли од скај кои изгледаат како да се кожни, особено во кафена боја, а колку повеќе скај има на нив, толку е повпечатлив. Затоа, наместо чизми до под колениците изберете чизми до глужд.

8.Премногу сјајни чевли
Доколку сакате чевли во боја, одберете матирана боја која повеќе личи на природна кожа, за разлика од сјајните чевли.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?