Совети за слабите и ситни невести: Како да ја изберете совршената венчаница?

Доколку сте ситно градена девојка, бидете подготвена да најдете многу венчаници кои ќе ви се допаднат, кои штом ги пробате ќе ви бидат големи и нема да ви стојат добро.

Ситните жени се обично слаби и ниски и имаат мали гради и може да биде тешко да се најде идеална венчаница во која нема да изгледате толку слаби.

Стојте понастрана од балските венчаници, затоа што може да „се изгубите“ покрај огромното балско здолниште. Но ако многу сакате да имате таков модел на фустан, ќе ви треба фустан со модифицирана А-линија, кој е сличен на балските венчаници, но има помало здолниште што подобро ќе ви стои.

Кога ќе пробувате венчаници, пробајте модели каде работ меѓу здолништето и корсетот е малку погоре од струкот, бидејќи тоа ќе ви помогне да изгледате повисоки.

Тесните венчаници кои се слеваат со фигурата изгледаат прекрасно на слабите девојки, бидејќи ја следат линијата на телото и создаваат илузија дека имате поголеми облини. Вертикалните детали и карнери се исто така добри бидејќи ќе направат вашите нозе да изгледаат подолги.

ТУка спаѓаат и венчаниците во сирена крој кои се шират од кај колениците и се совршени за вашата фигура, а ако сте похрабра невеста можете да одберете и кратка венчаница, со должина до колениците.

Уште еден важен совет за слабите невести е вашата венчаница да биде едноставна. Чипките и везови треба дабидат сведени на минимум, додека машните исто таа треба да се избегнуваат, бидејќи премногу детали на венчаницата може да ја засенат вашата витка линија и да делуваат натрупано на вас.