Историјата на бидермаерот

Еден од клучните елементи на секоја свадба кои меѓу другото и го комплетираат невестинскиот стајлинг, е цветниот бидермаер од кој невестата не се одделува во текот на денот.

Но знаеме ли зошто секоја невеста има бидермаер во раката, и од кога потекнува оваа традиција?

Бидермаерот за прв пат се спомнува уште во 400тата година, кога невестите на главата носеле венчиња од цвеќе, за кои се верувало дека имале магична моќ. Во Рим девојките носеле жолти превези затоа што се верувало дека жолта е бојата ба Богот на свадбите. Во римско време букетите биле направени од ароматични билки за кои се верувало дека со нивниот мирис ги бркаат лошите духови.

Најсличните на денешните бидермаери се појавиле во Европа во 15-тиот век, и за нив се верувало дека имаат антисептичко и терапевтско дејство, и дека штитат од болести. На почетокот на 17-тиот век на свадбите ги носеле и мажите и жените, но само од естетски причини.

Во текот на 50-тите години на 20-тиот век бидермаерите стануваат се попопуларни.Во минатото многу популарни биле бидермаерите од вештачко цвеќе, кои денес се заменети со бидермаери со природни цвеќиња.

И денес ниту една свадба не може да помине без бидермаер. Обично традицијата е бидермаерот да го купи кумата, а на крајот од свадбата невестата го фрла за да го фати некоја од немажените девојки. Поради тоа многу често на свадбите се купуваат два бидермаери од кои едниот ќе се фрла, а другиот ќе и остане како спомен на невестата.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?