Уникатна уметност: Како се шминкаат невестите во Косово?

Невестинската шминка и фризура од секој дел од светот е навистина воодушевувачка, но кога се работи за креативноста во шминкањето и користењето на боја, косовските невести од местото Долно Љубиње се навистина уникатни. Традиција која трае илјада години, пренесувана од генерации на генераци, сеуште опстојува во ова место во областа Жупа, во јужно Косово.

Оваа уметност не е целосно исчезната благодарение на една 65 годишна жена, која продолжува да ги подготвува младите невести согласно традицијата.

Лицето на невестата е насликано со повеќе убави бои, а златните кругови го симболизираат животниот циклус, а се врзани меѓу себе со линии кои ги симболизираат животните патишта, за преминување од една животна фаза во друга. Внатрешните црвени кругови симболизираат плодност, а останатите кругови се симбол за желби за здраво и среќно семејство.

Погледнете го ова видео на шминкање на една невеста на ваков начин: