5 луѓе со кои не треба да одите на шопинг за венчаница

Ако барем еднаш сте ја гледале емисијата „Say Yes To The Dress“ , на ТЛС, знаете дека купувањето венчаница знае да биде навистина тешко. Кога вие сте идната невеста, пред да тргнете на шопинг за венчаница, прво одлучете што сакате, но одлучете и со кого ќе одите на купување. Генерално, треба да избегнувате тоа да го правите со некоја од следните личности:

Вашата идна свекрва
Некои невести имаат одлична врска со нивната идна свекрва па сметаат дека е најдобро таа да им помогне при изборот, но некои и не се согласуваат баш најдобро. Доколку откриете дека имате некои сличности и интереси, можеби навистина ќе ви помогне при изборот. Но доколку не, подобро е да побарате помош од некој друг.

shoping

Главна шемаџика
Таа денот за шопинг ќе го направи нејзин ден за шопинг и ќе ви го наметнува нејзиното мислење, а со оглед на тоа што во се се обидува да најде забава, очекувајте да го викне целото друштво да ви помогне при изборот. Дефинитивно тоа не е она што ви треба, нели?

Роднина негаторка
Роднина која не ја одобрува врската со вашиот избраник и која упорно смета дека треба да најдете друг, во никој случај не е добро друштво за избор на венчаница.

Љубоморна другарка
Таа се колне дека се радува на вашата среќа, но често се обидува да направи невкусни шеги поврзани со вашата свадба или партнерот, извлекувајќи се со зборовите „Се шегувам“. Но не заборавајте дека во секоја шега има половина вистина. Љубомората е нешто страшно. Доколку по придода имате смисла за хумор, ваквите забелешки нема да ви пречат. Но доколку сте сензибилни, а и под стрес поради свадбените обврски, најдобро е да ги избегнувате љубоморните пријателки кои сакаат да ве саботираат, свесно или несвесно.

Другарка - сезнајка
Овде спаѓаат личностите кои затоа што изгледале една епизода од „Say Yes To The Dress“, мислат дека знаат апсолутно се за организирање венчавки и за купување венчаници. Тоа не е точно, и таа во ваше друштво може да делува збунувачки за време на шопингот.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?