Правила како да ја чувате венчаницата после свадбата

Секоја невеста знае дека потрагата по венчаница знае да биде долга и исцрпувачка, но после свадбата најчесто венчаниците се забораваат и стојат во плакарот без некој да им обрне внимание.

Но, навистина е штета толку значаен фустан да се упропасти поради неправилното чување. Особено треба да се погрижите за венчаницата доколку после свадбата планирате да ја продадете.

Правило број 1: Хемиско чистење
Важно е што поскоро да ја исперете венчаницата, бидејќи колку подого стојат дамките, толку потешко ќе биде да ги отстраните. Однесете ја на хемиско или сами дома, нежно и внимателно исперете ја рачно.

Правило број 2: Соодветни услови
Најдобриот начин да ја складирате венчаницата е во кутија со хартија која не содржи киселини. Треба да знаете дека пластичните кеси не се добар избор за складирање на било што. Пластичните кеси кои содржат хемикалии кои со текот на времето може да ја оштетат венчаницата.

Правило број 3: Постапката на пакување на венчаницата во кутијата
-Здиплете ја венчаницата внимателно, без да се прават набори. Пред секое превиткување ставете слој хартија која не содржи киселини. Таа ќе спречи различни делови од венчаницата да се доппираат меѓу себе, што е особено важно доколку на неа имате монистра или бисери. Вовлечете ги ракавите во внатрешноста на венчаницата, потоа диплете така што предниот дел ќе го ставите врз здолништето, а преостанатиот дел од здолништето ќе го префрлите над горниот дел од венчаницата. Здиплете ја така што ќе ја собере во кутијата така што ќе „лежи“ удобно. Од хартијата ставете и во долниот дел од кутијата, и пред да ја затворите.

- По затворањето на кутијата, залепете ја со селотејп.

-Откако ја спакувавте венчаницата, чувајте ја под креветот или на полица во плакарот, со тоа што ќе биде на место каде што нема да биде изложена на сончева светлина.

Додека некои невести се одлучуваат венчаницата да ја чуваат во специјални кеси за складирање облека, сепак чувањето во кутија е подобар избор. Не заборавајте од време на време да ја отпакувате и да ја проветрите венчаницата.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?