Три причини зошто да си земете балетанки на свадбата

Секоја жена е свесна за предностите кои ги имаат високите потпетици, но исто толку добро знае и дека тие претставуваат проблем кога цел ден треба да се носат. Проблемите околу болките во нозете, отечени стапала и рани, се нешто што секоја невеста сака да го избегне. Чевлите играат голема улога на денот на свадбата, затоа е важно да ги одберете идеалните чевли или да побарате решение.

Ќе ве посоветуваме нешто што го прават многу невести на денот на свадбата, а тоа е да си земете еден пар резервни балетанки. Еве зошто:

Ќе имате уште еден пар чевли во орманот
Она што на ниту една жена нема да и пречи се еден пар преубави балетанки во орманот. Кога добро ќе размислите сигурно ќе сфатите дека добро би ви дошле едни такви балетанки кои инаку никогаш не би ги купиле. Оваа прилика е одлична, затоа што ќе изберете интересни светкави балетанки, кои подоцна ќе можете да ги комбинирате за вечерни излегувања или прослави. Ова е исто така прилика да одберете и балетанки во некоја весела боја за интересен дезеен.

Потпетиците не се удобни
Нормално дека често се одлучуваме да избереме чевли кои не се баш удобни и во кои нема да можеме долго да одиме, но често пати сме подготвени да се жртвуваме кога чевлите се преубави. Но, колку и да се некои чевли убави, задолжително купете уште едни балетанки, затоа што свадбата не треба да ја поминете со болки во нозете на секој чекор што ќе го направите.

Прославата знае и да потрае
Свадбите знаат да траат и до раното утро, а вие сигурно не сакате сопствената свадба да ја гледате седејќи на столче, туку сакате да бидете главна ѕвезда на вечерта - како и што сте! Затоа спакувајте си и еден пар балетанки кои претходно сте ги избрале и искомбинирале со вашата венчаница или фустанов. Рамните чевли и одморените нозе ќе ви овозможат да играте цела ноќ без престан.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?