Шест нешта мора да ги избегнувате една недела пред свадбата

Со желба сè да испадне совршено, невестите некогаш знаат и да претераат, па така се одлучуваат за третмани кои може да дадат контра ефект. Поради тоа, ова никако немојте да го правите пред големиот ден.

Нова боја на косата
Дури и доколку фризерот ви е најдобар на свет, немојте никако да правите драстични промени пред свадбата. Никогаш не можете да знаете како бојата ќе испадне на вашата коса и дали навистина ќе ви стои, а кога свадбата ви е наскоро, нема време за така големи нешта како што е промена на бојата на косата.

Драстично шишање на косата
Експериментирањето со должината на косата треба да почне најдоцна три месеци пред свадбата. Единствено во тој случај косата има прилика да се опорави доколку фризерот претера со шишањето.

Алкохол
Доколку не сте знаеле, со алкохолот внесувате непотребни калории, а исто така може да влијае да изгледате подуено. За да пред олтарот не се чувствувате лошо, виното или другите алкохолни пијалаци оставете ги за после свадбата.

Нови вежби
Држете се до рутината и немојте дополнително да ги напрегате мускулите. Вежбите на кои сте навикнати или зголемувањето на интензитетот на вежбањето можат да предизвикаат воспаленија. Ниту една невеста не сака на својот најубав ден да размислува само за неподносливата болка во мускулите.

Пилинзи и нови креми
Не користете препарати на кои вашата кожа не е навикната и кои на неа може да предизвикаат алергиска реакција. пилинзите можат да ја надразнат кожата и да предизвикаат црвенило. Посетете козметичар и испланирајте на време како да дозволите кожата да се опорави од третманот.

Консумирање пијалаци со многу кофеин
Колку и да ви помагаат да се чувствувате будни, пијалаците со кофеин во организмот може да предизвикаат анксиозност. За да на најубавиот ден во вашиот живот не бидете нервозни и нерасположени, да не чувствувате дополнителен стрес, избегнувајте ги пијалаците кои содржат кофеин. Наспроти тоа, испланирајте ги сите обврски на време, така што ќе оставите доволно време за одмор и сон.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?