KM Dress Room - место каде можете да позајмите, изнајмите, продадете или купите фустан

Веќе неколку месеци во Скопје функционира модно ателје кое нуди навистина интересни можности  и за идните невести,но  и за оние кои веќе биле невести, како и за сите кои се подготвуваат за свадба и се во потрага по свечена тоалета. Студиото освен што изработува венчаници и фустани по навистина достапни цени, исто така и посредува во изнајмување на венчаници.

Станува збор за КМ Dress Room, местото каде можете да купите венчаница, да сошиете нова, да ја дадете вашата венчаница на изнајмување, и нормално, да изнајмите венчаница од оние кои веќе се нудат. Истото важи и за свечените тоалети.

Со локација позади поликлиниката во Ѓорче Петров, ателјето веќе неколку месеци успешно работи и на двете полиња, и како посредник при изнајмување венчаници, но и како модно ателје кое прави фустани и тоалети според желбите на клиентите.

Првичната идеја ја добиле соочувајќи се со помислата дека секоја жена која била невеста дома има венчаница која стои веќе никогаш необлечена. По едно мало спроведено истражување се утврдило дека најголем дел од  жените сакаат да ги продадат нивните венчаници, или да ги дадат на изнајмување. На тоа се надоврзале и свечените тоалети, па и идејата за формирање на ателјето кое се занимава и со изработка на нови фустани, кои исто така можат да се изнајмат, со што вие би биле првите кои ќе ја носите венчаницата или фустанот. Цените за изнајмување на венчаниците започнуваат од 5.000 денари.

Овие услуги на KM Dress Room им овозможуваат на девојките за малку пари да изгледаат совршено во ексклузивна тоалета или венчаница.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?