Тул, соништа и ветувања

На Вашата свадба вие сте изгрејсонцето - волшебна и смирувачка за сите сведоци на Вашиот свет момент. Да бидете невеста значи да бидете најисклучителна, завиткана во бескрајна љубов и луксуз.

Носете фустан кој најмногу ќе ве направи да се чувствувате своја - затоа што тој се вљубил во ТАА Вас. Но, како што Кери Бредшо мудро рече: „Не заборавајте прво да се вљубите во самите себе“, сигурно и тоа ќе се случи кога ќе ги погледнете Вашите свадбени фотографии. Особено ако сте вистинска среќничка да носите креација на Јанита Тоерин. Овие фустани се Истокот, ако вие сте сонцето и се одлична можност и за мажените жени да се почувствуваат како невести по втор пат - со истиот маж.

За нејзините венчаници Јанита вели: „Вашата венчаница треба да биде надворешниот, физички израз на тоа што сте одвнатре. Ако тоа значи дека сонувате да носите златна и виолетова венчаница на Вашата свадба, тогаш тоа можеме да го направиме на врвно стилизиран начин. Моите фустани се создадени за смели невести кои носат самодоверба и истенчено чувство на стил. Во моментов сум длабоко вљубена во нежните нијанси, кремастите, виолетовите, златните и розевите тонови, и како и секогаш, во тулот“.

Оваа фотосесија е создадена со цел да им покаже на идните невести што сè е возможно, играјќи си со прекрасната светлина  и неверојатните агли. Совршенство во секоја смисла!

 

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?