Модно ателје „Brocade“ создава венчаници и тоалети какви што ќе посакате

„Brocade“ е ново модно ателје кое се занимава со изработка претежно на венчаници и свечени тоалети. Многу ни е јасно дека денес е лесно да се најде фантастичен фустан на интернет, кој или чини премногу, или е недостапен за нас. Затоа, кога се подготвуваме за свадба или друга свеченост, ни треба професионалец кој ќе ни направи фустан според нашата замисла.

Токму со идеја за реализација на Вашите дизајнерси решенија, кои вклучуваат кваитетна изработка и модерен дизајн, од неодамна во Скопје функционира „Brocade“. На чело на тимот стои кадар кој своето искуство со години наназад го стекнувал работејќи со најдобрите македонски креатори.

Без оглед на тоа дали станува збор за венчаница, свечена тоалета или друго парче облека, од модното атеје велат дека се тука да ја реализираат секоја замисла на клиентите.

Посветеноста на работата и внимателната рачна изработка, која вклучува прецизно шиење и весење, секојдневно воодушевуваат сè повеќе девојки кои ја стекнаа довербата во „Brocade“ и со гордост ги носат венчаниците и фустаните кои се изработуваат таму.

Додека тимот работи на реализирање на желбите  на новите клиенти и на новите модели, дел од досегашната работа на ателјето погледнете во следните фотографии:

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?