Трендовски невестински украси за коса - Аксесоари од мониста и бисери

Тијарите, односно круните во косата на невестите се вистински аут последните неколку години, и остануваат избор само на невестите кои цврсто се држат до остварување на сонот да се видат себеси како принцеза. За оние останатите невести кои сакаат да бидат во чекор со светските трендови, задолжителни се аксесоарите во коса изработени од нанижани или извезени мониста и бисери.

Ваквите украси можат да ја разиграат вашата фризура и да го комплетираат невестинскиот изглед, без оглед на фризурата за која ќе се одлучите, и без оглед на тоа дали ќе носите вел или не. Можете да ги вклопите и при собрана и при пуштена или полусобрана коса. Без разлика на големината на украсот, може да го поставите странично, позади или горе на главата. Може да бидат прикачени на чешле, на ластик, на шноли, или пак да се залепат како украс на велот. Зависи од Вашите желби и изборот на фризурата.

Вакви украси за коса кои буквално не освоија и кои се изработени до перфекција, сретнавме кај Анита во Ani Jewelry:

Еве уште неколоку идеи за невестински фризури збогатени со вакви прекрасни аксесоари.

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?