Малите невести на Наташа – најдобриот подарок за една невеста (ИНТЕРВЈУ)

 Од сите можни свадбени подароци на светот, „малата невеста“ облечена во венчаница (која може да биде идентична како онаа на невестата), е дефинитивно нешто на што нема да остане рамнодушен ниту еден брачен пар.

Токму тоа е и мотивацијата за Наташа која создава мини венчаници кои ги „облекува“ на шише со вино, и кои секојдневно ја потсетуваат невестата на нејзината свадба и нејзината венчаница.

Малите невести се идеален подарок кога одите на свадба, но и одличен спомен за самите вас. Па така, доколку некој од Вашите гости не се сети да Ве изненади со нешто вакво, можете сами да си порачате „невеста“ со иста венчаница како вашата.

И како што во комбинација со секоја невеста оди и младоженец, така и Наташа вешто креира и костуми за мажите.

Ова нејзино хоби до сега има усреќено многу брачни парови, а за да дознаеме нешто повеќе за нејзината работа го направивме ова интервју.

Bride.Mk: Кога и како настана првата невеста за вино?

Наташа: Мојата прва мала  невеста за вино  настана токму пред три години.Идејата дојде сама по себе , ненаметливо , ненадејно, а сѐ започна во една европска метропола каде случајно наидов на свадбен сувенир кој ми привлече  внимание . Тогаш прв пат забележав нешто слично. По враќањето во Скопје, веднаш ми дојде идејата да се обидам и самата да направам нешто уникатно за свадбата на мојот син. Така ја создадов првата мала невеста. Ја направив со многу љубов и задоволство кое не се опишува.

Роднините и пријателите беа воодушевени од моето дело, а тоа ми даде поттик да направам и нешто уште поубаво.Така следеа свадби на мои драги личности и сите нив сакав да ги усреќам со една моја уникатна, рачна израбока.Пред сѐ, ме правеше среќна изразот на нивните лица кога добиваа таков подарок од мене.

Bride.mk: Со оглед на тоа што веќе сте подариле многу „мали невести“ можете ли да ни кажете каква е реакцијата на невестата кога ќе добие ваков подарок?

Наташа: Невестите кога го добиваат овој подарок , вообичаено реагираат со зборовите:„Ова е вистински подарок , ќе го чувам до крајот на мојот живот“.

Bride.Mk: Ние штом ги откривме, ги прогласивме малите невести за најдобриот свадбен подарок. Што мислите вие за тоа?

Наташа: Сметам дека тие се идеален подарок за невестата бидејки остануваат вечен , уникатен спомен на нивниот најсреќен ден во животот.

Bride.Mk: Од каде наоѓате инспирација за креациите и од што ги изработувате невестите?

Наташа: Креациите за моите мали невести ми доаѓаат спонтано и во зависност од материјалот кој го употребувам при изработката.Најчесто идеате ми доаѓаат ненадејно , дури и кога одмарам , па често пати едвај чекам да  дојдам до слободно време  после моите редовни професионални активности , за да започнам со изработката, па така често пати тоа го правам доцна навечер.

Се трудам материјалите кои ги користам при изработката да бидат токму онакви какви се употребуваат за вистинските венчаници, тул, тантела, сатен , штрас и слично.

Bride.MK: Колку ве исполнува оваа активност?

Наташа: Сега веќе можам да кажам дека конечно го пронајдов моето идеалното хоби , хоби кое го анимира моето слободно време,кое ме исполнува и успева да ме прави среќна во секој миг кој го одвојувам за него, а пред сѐ заради среќата на оние кои ги добиваат на нивниот свадбен ден.Ова мое хоби е најмногу израз на сите мои длабоко скриени страсти за создавање нешто  уникатно , рачно изработено , вредно за спомен бидеј'и е НАПРАВЕНО СО ЉУБОВ ЗА ЉУБОВ.

Доколу и вие сакате некому да подарите нешто вакво и уникатно, Наташа можете да ја исконтактирате преку Фб или преку меилот This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?