Венчаниците на „Елена Лука“ во Виена

На 20-ти февруари, во Виена ќе се презентира новата колекција на венчаници на македонската модна куќа, Елена Лука.
Станува збор, за учество на „Bride Thing Vienna 2014“, добро познат настан, на кој секоја година учествуваат познати светски брендови. Целта на овој настан е креирањето на совршената венчална бајка.


„Скоро, половина година, дел од фокусот беше насочен кон истражување и анализирање на настани и случувања надвор од Македонија на кои може да се претстават креациите на Елена Лука. На голема радост успеавме да воспоставиме контакт и да почнеме цврста соработка со организаторите на „Bride Thing Vienna“. Особено голема чест е што Елена Лука е првиот македонски бренд кој се претставува на овој настан. Венчаниците кои ќе бидат презентирани во Виена ја претставуваат новата колекција и истите подоцна ќе се најдат во нашиот новоотворен салон за венчаници, на веќе познатата локација на Елена Лука во Капиштец“ – изјави Елена Лука.


„Bride Thing Vienna 2014“ ќе се одржи во Палатата на долна Австрија (Das Palais Niederösterreich), местото кое е вистинско, архитектонско богатство на Виена. Палатата, во која: елеганцијата, префинетоста и луксузот, живеат со векови. Палатата каде што е испишан значаен дел од австриската историја, преку политички виулици, до револуционерни разрешници, токму таа, истата палата, денес е местото каде што Вашиот сон за совршена свадба станува реалност.

elluka1

elluka2

elluka3

elluka4