Ланчињата на Анита Несторовска: Уникатен накит од кој запира здивот

За Анита Несторовска (Ani Jewelry Designs) од Скопје, креативноста е најубавата магија која ја поседува едно човечко суштество. Таа својата креативност ја изразува изработувајќи уникатни парчиња накит, кои бараат многу прецизност но и време за изработка.

Изработува воглавно биб ланчиња кои се најголеми и бараат голема посветеност,време и креативност . Користи стаклени монистри, соодвето платно за шиење, полудраги камења, дрвени монистри,  соодветни конци и еден тон креативна магија и љубов.

Идејата да почне да се занимава со ова, била тоа што по секоја цена сакала да има ваков накит на себе.

„Кога ги открив прв пат Bead embroidery дизајните сфатив дека цените не се баш како за нашите услови ,  сите дизајни кои ги одбрав беа  многу повеќе од  500 евра, дизајните на Heidi Kummli, Sherry Serafini, Koshanez, Guzel Bakeeva, а дизајните се просто да ви запре здивот“, вели Анита.

PhotoSheet 5x3 ani5ani6

Кога прв пат почнала да го изработува ваквиот накит, нејзина главна инспирација била сознанието за дизајни од ваков вид, на кои се воодушевувала. Сега ја инспирираат многу работи: луѓе, природа, други модни дизајнери, некој аутфит, музика, самите бои, одредени форми – особено на полудрагите камења, монистрите и слично, и така откако почнала да го прави ова, за само година дена има создадено преку 130 уникатни дизајни.

„Накитот кој го изработувам е од типот Bead Embroidery  или Beadwork тоа би се превело кај нас како  шиени монистри.  Но доколку ме прашувате за стилот кој го изработувам , можам само да кажам дека сум огромен обожавател  на разни видови накит,на ралични култури, времиња, различни видови уметности... Сметам дека мојот накит е комбинација од многу стилови –tribal, hippie, gothic, renaissance, rustic, fancy, oriental, марокански, египетски мотиви и  бесконечно многу други стилови и вкусови се измешани“, вели креативната девојка, која додава дека нејзиниот накит може да го носи секој што ќе се препознае во него.

Дел од нејзината фантастична работа погледнете во продолжение, а многу повеќе можете да видите на нејзината страница на Фејсбук.

PhotoSheet 5x3 ani9ani2

PhotoSheet 5x3 ani8ani1

lance1

lance2

lance3

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?