Свадбена катастрофа: Кога гостинка на свадбата ќе дојде во бел фустан!

Вашата братучедка ви кажала дека на свадбата ќе носи тесен краток , но бел фустан, и вие сте биле ок со тоа. Но, на вашата свадба доаѓа во долг бел фустан, и „по малку“ невестински.

Како да спречите драма: Колку и да сте нервозна, обидете се да бидете попаметна од неа и помислете дека таа можеби не е свесна за нејзината грешка. Застанете за секунда и размислете што да направите. Можете да и речете да оди дома и да се пресоблече, или цело време да приговарате за тоа што таа така дошла на вашата свадба. И двете овие опции ќе ви предизвикаат негативно расположение, и вниманието ќе ви го насочат кон неа. Не заборавајте ВИЕ СТЕ НЕВЕСТАТА, и никој нема да ви го земе тоа.

Можете во секој случај да зборувате со фотографот и снимателот, и да им кажете дека не би сакале многу да ја има неа на видеата ни на фотографиите.

svadbena-katastrofa3

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?