Практични совети за невестински маникир

За убав невестински маникир треба или да ги обликувате природните нокти, или да направите надградба со типсови или со акрил.

Еве неколку практични совети за вашиот невестински маникир:

-Доколку сте се одлучиле за надградба, немојте да го правите тоа последниот ден. Особено доколку порано не сте носеле долги нокти ќе ви требаат неколку дена за да се навикнете на нив. Така ќе се чувствувате поудобно и посамоуверено.

-Декорацијата на ноктите најдобро е да се направи еден ден пред венчавката, така ќе се осигурате дека нема да се уништи.

-Маникирот и педикирот треба да бидат со иста декорација, или барем да бидат слични.

-Маникирот на старосватиците не треба да биде повпечатлив од тој на невестата.

- Со оглед на тоа што и младоженецот ги покажува рацете, потребно е и тој да ги среди ноктите пред венчавката.

manaiki-brode-1

manaiki-brode-2

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?