Дизајнерски предлог за венчаница на Ким Кардашијан

Неколку дена откако Ким и Канје Вест објавија дека се вериле, се појави цртеж од дизајн на венчаницат која Ким можеби ќе ја носи на свадбата. Во светот на богатите и славните навистина сѐ се слуува брзо.

Со оглед на тоа што светот очекува грандиозна венчавка, сосема е нормално што дизајнерите предлагаат венчаници за Ким, кои би биле соодветни на приликата.
Иако сѐ уште нема објавено дата, гласините велат дека нема да има свадба до летото.

Според дизајнерката Теиа, на Ким одлично би и прилегала венчаница во сирена стил, без прерамки.


„Ја избрав оваа силуета затоа што одлично би се слеала со нејзините облини и би дошла како втора кожа на нејзиното тело. Вниманието на венчаницата го привлекуваат деталите во Сваровски кристали, сребрените стаклени нитни и минијатурните цветови од свила. Кристалите и рачно направените цветови од свила имаат за цел да креираат богата текстура во долниот дел од венчаницата.

Со оглед на тоа што на претходната венчавка Ким носеше три бели венчаници, постои можност сега да сака да проба друга боја.
Што и да избере оваа старлета за нејзината втора свадба, знаеме само дека сигурно ќе биде нешто екстравагантно.

kim-kanje-g

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?