Какви венчаници ќе се носат во 2014-та година?

Некои од најпознатите модни креатори на венчаници ги искажаа своите предвидувања за венчаниците во 2014-та. Многу од нив се согласуваат дека акцентот кај венчаниците следната година ќе биде ставен на чипкастите детали, но и на задниот дел од венчаницата. Материјалите кои ќе бидат актуелни се повторно чипка, шифон, тул и свила, со детали од чипкасти апликации и кристали.

Ракави од чипка
Чипкастите ракави се актуелни уште од април 2011-та година, од свадбата на Кејтлин Мидлтон и принцот Вилијам. Но овој тренд се чини нема да замре ниту во наредниот период, па и во 2014-та со сигурност овој детаљ ќе биде дел од дизајните на многу венчаници. Чипката ќе има многу различни форми, ракавите ќе бидат во најразлични должини, но сепак секоја венчаница ќе биде екстра модерна со вакви ракави.

vncan-1

vncan-2
Детали во задниот дел од венчаницата
Задниот дел од венчаницата, односно кај грбот, ќе биде најинтересното нешто во венчаниците во 2014-та. Благодарение на влијанието на винтиџ стилот кој беше актуелен оваа година, и во 2014-та ќе биде застапен овој детаљ кој ја прави секси секоја венчаница. Исечена чипка, кристали и бисерчиња... сето тоа се елементи кои ќе се користат за украсување на овој дел од венчаницата.

vncan-3

vncan-4

Кратки модели
Венчаниците со должина под колениците или над глуждовите ќе можеме да ги видиме и во 2014-та година. Овие кратки  модели се навистина слатки, и поинакви од традиционалните свадбени фустани.

vncan-5

vncan-6

Без прерамки
Венчаниците без прерамки кои ги откриваат вашите раменици беа актуелни во изминатите неколку години, па овој тренд нема така брзо да згасне. Ако вакви модели најдобро ви стојат, слободно можете да изберете некој за вашата венчавка во 2014-та.

vncan-7

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?