Знаете ли зошто младоженецот (не)смее да ја види венчаницата пред свадбата?

Во далечното минато кога во многу делови од светот браковите биле договарани од страна на родителите, на мажот и на жената кои ќе стапат во брак воопшто не им било дозволувано да се видат пред денот на свадбата. Тогаш бракот претставувал бизнис меѓу две семејства, и таткото на невестата би бил пресреќен доколку ја омажи ќерка си со момче од богата фамилија. Но тој исто така би стравувал од следново: ако момчето ја види ќерка му пред свадбата и ако не му се допадне, нема да сака да се ожени со неа, што би било срам за семејството. Па така, станало традиција невестата и младоженецот да се запознаат на денот на свадбата, со што младоженецот не би имал шанса да се предомисли.  Исто така, намената на велот е да ја сокрие невестата од младоженецот што е можно подолго, пред да има можност тој да отстапи од бракот.

nevesta-krie-m

Денес иако договорените бракови веќе не постојат во модерното општество, многу невести сè уште не сакаат нивниот иден сопруг да ги види во венчаница пред свадбата. Многу невести сметаат дека токму тој момент кога тој ќе ја види во венчаницата, го прави моментот возбудлив и незаборавен, па сакаат тоа да се случи токму на денот на свадбата. Но и покрај ова, многу парови сметаат дека би биле многу порелаксирани ако се видат еден со друг како ќе изгледаат на свадбата, дури и пред  таа да се случи. Предноста од ова е што ќе можете „на раат“ да си направите и свадбени фотографии без гужви и без гости. Зависи од вас и вашиот партнер.

nevesta-krie-g

Што  мислите вие за ова? Дали пред денот на свадбата би му дозволиле на партнерот да види каква невеста ќе бидете? Ако веќе сте мажена, како постапивте вие?