Дадар открива: Што треба да знаете за невестинската шминка?

Александар Дадар е еден од најпознатите и најдобрите стилисти кај нас. Сопственик е на „Мое студио Дадар“ кое нуди бројни услуги за убавина и нега, шминка, фризура, разни третмани за лице и тело... Токму таму многу чести посетители се личностите од јавниот живот каде се подготвуваат за нивните настапи и емисии.

Но неговото студио е и местото каде многу невести се подготвуваат за нивниот најважен ден - денот на нивната свадба. Со своето долгогодишно искуство во оваа професија и со својата креативност, Дадар го исполнува сонот на секоја невеста, и ја прави да се чувствува најубава!

Зошто е невестинската шминка поразлична од обичната, како треба да се подготват девојките пред да дојдат на шминкање, како и многу други корисни нешта поврзани со шминкањето за вашата свадба, дознавме од ова интервју со Александар Дадар.

dadar-1

Што треба да знае една невеста пред да дојде на невестинска шминка и дали и како треба да се подготви, односно да го подготви лицето за шминкање?

ДАДАР: Најпрвин невестата треба да знае дека невестинската шминка не е секојдневна шминка, туку нешто посебно како и самиот ден!Тоа значи дека лицето треба претходно да биде убаво средено од страна на козметичар, измазнето, исчистено, освежено, со еден збор професионално истретирано! Не може на истиот ден да се стисткаат акни или да се депилира лицето  и слично. И секако, треба да дојде невестата без шминка, со претходно нанесена крема која се користи секојдневно.

Дали нашите невести кога ќе дојдат кај вас знаат точно што сакаат или најчесто оставаат сѐ во ваши раце?

ДАДАР: 99 проценти од невестите кога ке дојдат во „Мое студио Дадар“ велат дека препуштаат сè на нас. Ни го покажуваат венчалниот фустан, па правиме фризура и шминка. Меѓутоа немам ништо против доколку некој каже што сака, таман работа, справувањето со шок не е паметно. Драго ми е што поголемиот број на невести велат дека ги опуштаме и дека им поминува тремата кога ке дојдат кај нас, бидејќи се сигурни дека ке добијат добра фризура и шминка.

dadar-4

Каква шминка најчесто бараат невестите, дали преферираат поприроден изглед или сакаат целосна трансформација?

ДАДАР: Најчесто омилен стил е природниот изглед, но има интакви кои сакаат да не се препознаат и да бидат во поразлично издание.

Побарала ли некоја невеста да ја нашминкате некако, а вие сте знаеле дека тоа нема да и прилега, и што се случува тогаш?

ДАДАР: Во тој случај моја должност е да предупредам и советувам што е најдобро. 99% го слушаат мојот совет. Сакам да направам компромис и да се договорам убаво со секого.

dadar-3

Што е најважно кај невестинската шминка, што предлагате дека треба да се истакне? Дали и по што овој вид на шминкање се разликува од останатите?

ДАДАР: Тој ден има многу возбудување, по некоја солза, многу честитки и бакнежи, па токму поради тоа најважни  се долготрајноста на шминката и фризурата (и фризурата се смета за шминка) пожелно е да се истакне секоја црта на лицето, значи и очите и усните, сè со цел да се добие убав баланс, за невестата да изгледа добро и во живо и на фотографија и видео.

Која од нашите познати личности ви е најинересна за шминкање, а која од светските познати ѕвезди посакувате да ја нашминкате?

ДАДАР: Каролина ми е некако најинтересна. Можеби поради нејзината огромна моќ на трансформација и софистицираноста со која ја носи совршено секоја моја шминка. Моја неостварена желба е да дизајнирам шминка за Мадона, бидејќи иако нема посебна убавина таа е кралица на трансформациите, со нејзините прекрасни веѓи и спрецифични очи.

dadar-6

Колку има интерес кај  мажите да имаат шминка на свадбата? Сепак и тие треба на тој ден да изгледаат најубаво, нели?

ДАДАР: Секако дека има. Многу често младоженеците доаѓаат да се нашминкаат, претходно знаејки дека машката шминка не се познава, туку само ќе помогне да изгледаат посвежо и подобро тој ден.

И за крај, уште некој совет за идните невести, кога е шминката во прашање?

ДАДАР: Немојте да отскокнувате од вашата секојдневна приказна кога станува збор за шминка и комплетен стајлинг за вашата свадба. Треба да бидете во ваш стил но посвежи со помош на магијата на мејк-апот. Срекно !

dadar-5

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?