Свадбена фризура: Гламурозни локни на страна

Без разлика дали сте невеста или гостинка, ви го претставуваме овој моден тренд кој во последно време многу се практикува и на црвениот тепих и на свадбите ширум светот.

Гламурозните локни префрлени само на една страна даваат доза на стар Холивудски гламур на современите девојки и жени.

Многу од познатите личности во последно ја бираат оваа фризура заманифестациите и филмските премиери:

lokni-str01

lokni-str02

lokni-str03

lokni-str04

lokni-str06

Локните на страна се идеална фризура за невестите кои сакаат на денот на свадбата да имаат пуштена коса, а на овој начин ќе додадат доза гламур на свој изглед, за разлика кога косата би била пуштена од двете страни. Оваа фризура одговара за оние кои имаат средна и долга коса, со оглед на тоа што при кратка коса не би можела да се изведе.

Оваа фризура одлично ќе го покаже задниот дел од вашиот фустан, поточно грбот, па доколу имате венчаница со убави детали на грбот, можете да размислите за ваква фризура. Исто така, одлично одговара и на венчаници без прерамки. 

Што се однесува на аксесоарите за коса, некои винтиџ брошеви, шноли и цветови можете да ставите на тилот кај вратот, додека обетките се задолжителни.

lokni-str07

lokni-str08

lokni-str09


Неколку совети од експертите, доколку се решите да ја правите оваа фризура, се следниве:
-Косата нека ви биде измиена еден ден претходно – штотуку измиената коса нема добро да се витка, и локните нема да стојат.
-Патецот нека не биде премногу на едната страна – страната на која има повеќе коса ќе изгледа како да ви „плови“ над главата.
-Не претерувајте со препаратите за коса – ако ставите премногу лак за коса локните ќе се скаменат, а тоа е изглед кој сигурно не го сакате.
-Можете и да не ја прицврстите косата во задниот дел, туку едноставно само навитканата коса да ја префрлите на едната страна, па подоцна во текот на ноќта можете брзо да ја промените фризурата со тоа што ќе ја пуштите косата да паѓа од двете страни.

lokni-str10

Еве и два туторијали и совети како се прави оваа фризура:

 

bride300x200

Колку пари сметате дека се доволно да подарите кога двајца одите на свадба?